Точно е дека двајца анестезиолози ќе заминат во приватна болница, потврди Филипче

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција ја потврди информацијата на „Фокус“ дека двајца анестезиолози од Градската болница „8 септември“ сакаат да си дадат отказ и да заминат во приватната болница.

„Една од анестезиолозите дојде на работа од приватна болница, а сега сака да се врати назад и уште еден доктор, кој со години работи во Градска. Ќе дојдат двајца други кои ќе работат наместо нив – вели Филипче.

Според него, тоа што во ГОБ „8 септември“ работат 11 анестезилози, првиот човек во здравството тврди дека тука има и интернисти кои помагаат во справувањето со Ковид 19. Тој уште додава дека ако има потреба ќе се ротираат лекари, но нема да се дозволи пациентите да трпат.

 

Поврзани новости