Точи, БИРН, Клинчарски и Вејсели добитници на наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка приказна

by Fokus

Новинарката  на НОВА, Менче Атанасова Точи е добитник на првата награда „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија за 2017 година што денеска ја додели Македонскиот институт за медиуми.

Втората награда „Никола Младенов 2017“ за најдобра истражувачка сторија ја доби тимот новинари на БИРН објавени за истражувачката сторија „Странските инвестиции под лупа“ објавени на Призма.

Третата награда ја добија Петар Клинчарски за сторијата „Илјада преводи“ и Лиридона Вејсели за сторијата „Каде е штабот на џихадистите“.

Серијата на Клинчарски беше објавена во емисијата 360 степени на Алсат М, а таа на Вејсели на интернет порталот Журнал.

МИМ пофалница и додели на Славица Филиповска за сторијата „Колку време ни треба да го уништиме најстарото езеро во Европа“ исто така објавена на 360 степени на Алсат.

Поврзани новости