717
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека со оглед на зголемената смртност, соогласно податоците од историјата на болеста се пациенти кои имаат претходно хронични болести и се над 60 години.
„Хоспитализирани се 318 пациенти вкупно. Во изминативе денови ги засиливме со кадар двете болници, Инфективната клиника и болницата „8 септември“. Факт е дека се соочуваме со силен бран на пандемијата, но тоа што охрабрува е дека имаме повеќе асимптоматски пациенти, со лесна клиничка слика. 14 посто се хоспитализирани, а 86 проценти се на домашно лекуање – истакна Филипче.