Добро сум, како 60-годишник се навикнав да поднесувам порази. Но, ова со Илина не го сметам како свој пораз, ова мораше да се случи. И двајцата знаевме дека ќе се случи.
На третиот ден од нашата врска ми кажа дека тоа и е последната желба, да оди во Америка и таму да работи – раскажа актерот и шоумен Игор Џамбазов за естрадниот магазин Бекстејџ.
Неговата врска со алпинистката Илина Арсова долг период ги полнеше страниците во медиумите. И двајцата беа интересни за јавноста, не криеја дека им се случила голема љубов, па поради тоа заминувањето на Илина во Америка беше изненадување за јавноста.
-Короната го одложуваше нејзиното заминување. Короната заврши, таа си замина. Сите големи љубови се тажни, но се справувам.
По овој музички настап ќе си дојдам дома, нејзината слика ми е во дневната, нејзините книги во шкафот, спијам на постелнината која таа ја купила…
За овие две години јас напишав многу поезија, која заслужува да се објави, бидејќи таква љубов ретко се случува.
Не бараме виновници, виновници нема, животот е виновник, таков е.
Таа е многу амбициозна жена, ќе успее во животот! Тоа што кариерата и е поважна од љубовта не ја прави лош човек, само ја прави необичен човек – изјави Џамбазов.
Додаде дека иако сестра му 20 години живеела во Америка, никогаш не отишол таму. Работата му била најдобра терапија и порача дека и покрај се, верува во љубов.
-Иако имам 60 години, верувам дека ќе се најде некоја млада бабичка, се пошегува Џамбазов.
Вики Клинчарова