Тоа што го зборувате е смешно, зад нас е целиот слободен свет, Захарова му одговори на италијански новинар

by Fokus
ЕПА

Марија Захарова, портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, денеска бурно реагираше на прашање на италијанската новинска агенција АНСА. Прашањето гласеше: “Приходите од извозот на нафта и гас значително се намалија, рубљата падна и инфлацијата расте. Во исто време, беспилотните летала стигнуваат речиси секој ден во Москва. Уште колку Русија ќе може да го одржува овој конфликт?”

Следеше бурна реакција на Захарова: „Тоа што го кажувате е смешно, САД пресметаа дека нема да издржиме ниту еден месец во 2022 година, откако ги воведоа нивните „санкции од пеколот“, да ги користат нивните зборови“.

-Секоја земја на НАТО ќе се распадне во рок од една недела од таквите санкции. На некој начин тие се во право: тие се однесуваат како вистински демони, а ниту Италија, ниту Германија, ниту Франција, ниту Британија, ниту самите Соединети Држави, не би се опоравиле од таквите санкции. Секоја земја на НАТО би пропаднала за една недела. Сепак , тука сме, живееме, се развиваме и одиме напред, изјави Захарова

Портпаролката на руското МНР рече дека руската економија расте со добро темпо.

-И покрај прилично песимистичките прогнози кои продолжуваат да доаѓаат од некои експерти, главно западни, и покрај сите овие прогнози, Русија беше меѓу првите пет најголеми светски економии на крајот на 2022 година. Според Светот Банката, Руската Федерација напредна и ја надмина Сојузна Република Германија во однос на паритетот на куповната моќ и големината на економијата, што е еден од најважните показатели, рече Захарова.

Таа изјави дека во вториот квартал од оваа година, бруто домашниот производ на Русија порасна за 4,9 отсто во споредба со истиот период лани.

-Освен тоа, индустриите кои не се поврзани со експлоатација на природни ресурси, вклучително и нафта и гас, растат уште побрзо темпо, изјави портпаролката на руското МНР.

Таа рече дека реалноста ја ужаснува НАТО и дека целиот слободен свет ја поддржува Русија.

-Со некои земји чии лидери не подлегнаа на суровиот надворешен притисок, туку се водат од сопствените национални интереси, нашата меѓусебна трговија порасна не само за десетици проценти, туку и многукратно и продолжува да расте. Нашите природни ресурси се купуваат и покрај наметнатите ценовни ограничувања.Руското гориво по конкурентни цени им овозможува на пријателските земји да ги задржат цените под капакот и да го прошират индустриското и земјоделското производство, што ја зајакнува нивната енергетска безбедност и економска стабилност, рече Захарова.

-Зад нас е вистината и целиот слободен свет. Она што стои зад НАТО се „меурчиња од сапуница“, глад за пари и моќ и носталгија за колонијализмот, изјави портпаролката на руското МНР.

Поврзани новости