Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва упорно го обвинува Израел за „геноцид“ врз Палестинците во Газа, откако неодамна предизвика дипломатска криза споредувајќи ја израелската офанзива против Хамас со холокаустот.
„Она што го прави државата Израел не е војна, тоа е геноцид, бидејќи убива жени и деца“, рече Лула за време на церемонијата во Рио де Жанеиро, откако Израел во понеделникот го прогласи за „персона нон грата“ затоа што ја дал истата проценка.
Бразилскиот лидер, кој за првпат реагираше по контроверзноста предизвикана од неговата споредба на израелската офанзива со нацистичкиот холокауст, остана на својот став, постојано нагласувајќи го терминот „геноцид“.
„Тоа е геноцид. Има илјадници мртви деца и илјадници исчезнати. Не умираат војници, туку жени и деца во болница. Ако ова не е геноцид, не знам што е геноцид“, инсистираше Лула.