ДУИ манифестира елементарно непознавање на правото. Прв Вицепремиер не постои согласно закон. ДУИ треба да знае дека Деловник за работа на влада, не може да биде над закон, реагира ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на ДУИ дека прв вицепремиер е предвиден со деловникот на влада од 2020 година
-Законот познава термин Вицепремиер, не и прв Вицепремиер. Тоа што ДУИ смениле Деловник за Груби да си мисли дека е прв Вицепремиер има значење колку коцките нацртани со креда на улица означувајќи полиња за игра со топка. ДУИ покрај тоа што многу краделе во минатото, многу и лажеле. Помина времето на лаги, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека во новата влада сепак ќе има прв вицепремиер, а тоа ќе биде Изет Меџити, но оваа функција била со џентлменски договор меѓу коалиционите партнери, а не законски.