Поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, при една електронска комуникација во 2017 година со екс министерот за образование и наука Спиро Ристовски, обвинет во случајот „Организатори на 27 април”, го информира дека „во протестите фалат спортисти“, а одговорот на обвинетиот Ристовски, е дека е „запознаен и дека прави притисоци секој ден“.
Шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, при читање на материјалните докази во дополнение на доказна постапка, денеска прочита пораки на обвинетиот Ристовски, каде тој и одговара на Милевска „Тоа е срце, ти кажав ова е атмосфера”.
Истовремено, во тек на почеток на месец март 2017 година, Канческа го брифира сега обвинетиот Ристовски, за организацијата на настаните. „Горан Стoјановски (Џемо Билбил) и други ги договоривме за утре”, му пишува Милевска, на Спиро Ристовски, на 2 март 2017.