645
По неколку часа препирања, судечкиот совет во ТНТ го одложи судењето за утре, иако на обвинетите чии адвокати не дојдоа, им определи адвокати по службена должност.
Адвокатката Иванка Јакимовска која беше поставена да го брани обвинетиот Тони Трајковски, побара судењето да се одложи бидејќи според неа, некоректно е да брани клиент, а да не го знае предметот.
- Advertisements -
Судот го прифати барањето и утре одбрана треба да даде обвинетиот Миле Јанакиески.
Судењето се однесува на незаконското рушење на комплексот Космос на Фијат Цаноски, а првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски кој е во бегство. Судењето продолжува утре во 9,30 часот.