461
Од партијата ТМРО на Ванчо Шехтански велат дека со предлогот Република Илинденска Македонија, државата со овој предлог сама го негирала македонскиот идентитет.
„Наместо да биде национална држава на Македонскиот народ, која од 1991 наваму, ќе биде иницијатор за отварањето на Македонското прашање, насилно распарчено со Букурешкиот договор од 1913, Република Македонија се претвори самата во негатор на Македонскиот идентитет, водејќи политика на самопоништување. За ТМРО преговори со Грција требаше да се водат само за еден проблем, а тоа е враќање на имотите на наследниците на протераните Македонци и нивна репатријација, човекови права за Македонскиот народ кој живее во Грција, според меѓународните конвенции“, велат од таму.