ТМРО: Од Македонците во Бугарија се откажавме уште во 1995.

by fokus

Очекувањата на македонската јавност дека во договорот за добрососедство со Бугарија ќе стои и признавање на Македонскиот народ во Бугарија се забетонирани уште на 05.10.1995 година, и нема потреба да се лаже и крие вистината од народот за оваа договорена игра пред две децении, кој очигледно долги години се манипулира, реагираат од партијата ТМРО по потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија.

Партијата на Ванчо Шехрански потсетува дека на 5 Октомври 1995 тогашното Собрание изгласа промени во Уставот кои го регулираат ова прашање.

„Само два дена после атентатот над претседателот Глигоров, тогашниот парламент неочекувано едногласно го смени државното шеснаесет крако сонце но и го смени Уставот и член 49 со кој се откажавме од Македонците во соседните држави. Околу деталите на оваа разузнавачко предавничка операција со катастрофални последици денес, одговор треба да дадат Црвенковски, Андов и Георгиевски или поточно КСИО при ДПМНЕ, кои како тогашна опозиција, треба да објаснат зошто 1994 се бојкотирани изборите со што свесно  е овозможено двотретинско мнозинство- единствено досега, кое тогаш го смени уставот, а последиците доаѓаат денес“, стои во соопштението.

Инаку, членот 49 од Уставот на Република Македонија гласи:

„Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи. Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.“

Поврзани новости