329
ТМРО, преку јавен повик до ВМРО – ДПМНЕ како носител на коалицијата за подобра Македонија бара итна лидерска средба на партиите од досегашната владејачка коалиција.
– ТМРО смета дека е неопходно ,со оглед дека по губењето на власта нема никаква меѓусебна координација па и комуникација за сериозен пристап и оценка на изборниот процес, кадровските пратенички решенија кои беа катастрофални , погрешно водената преговарачка политика при коалицирањето за состав на влада, срамниот испад со 27 април , претстојните евентуални локални избори во октомври но и пред се потреба за отворено дистанцирање од просрпските и проруски коалициони партии отпадоци од сдсм, кои нанесоа штета во меѓународната позиција на до скоро владеачката коалиција за подобра Македонија- истакна претседателот на ТМРО- Ванчо Шехтански.