499
Од партијата на Ванчо Шехтански, ТМРО упатија критики кон премиерот Зоран Заев во врска со неговото интервју на грчката телевизија „Алфа“.
„Срамно е македонски премиер да не си го знае идентитет и безобразно и смешно е да го негира својот народ. Не знаеме за каква историја знаеш ти, но во име на Македонците немој веќе да даваш изјави. Македонците се народ со античка историја на овие простори и ако некој ја краде и превртува историјата тоа е Грција, која изврши геноцид и етничко чистење на Македонците во беломорскиот дел на етничка Македонија, а во 1923 година насели 300.000 православни Грци од Турција на земјата и имотите на протераните Македонци ширум светот. Таа вистина како македонски премиер очекуваме да ја кажеш, а не да го продолжуваш негирањето на сопствениот народ, ако сеуште го сметаш за таков“, велат од ТМРО.