ТМРО бара од Иванов да ги амнестира осомничените за тероризам во Собранието

by fokus

Од партијата ТМРО апелираат до претседателот Ѓорѓе Иванов , итно со акт на помилување за сите 36 обвинети за настаните од 27 април, како што велат, да ја смири состојбата.

„Треба да се има во предвид и тоа што битието на делото кое се става на товар на обвинетите е сторено по чинот на провокативно пеење химна на странска држава од страна на пратеник и тоа во Македонскиот парламент , понижувајќи ги Македонците , чин што остана несанкциониран и тогаш а и потоа, а беше повод за ескалација на настаните и влегување на народот во законодавниот дом, што никако не ги оправдува настаните и постапките кои загрозија човечки животи, но имаат олеснителни околности за помилување  на сторителите“, велат од партијата на Ванчо Шехтански.

Поврзани новости