Тлото во Турција не мирува

by Fokus

Денеска е повторно регистриран земјотрес во источна Турција, со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Овој земјотрес бил регистриран на длабочина од пет километри, и 25 километри северо-северозападно од Адијаман.

Тлото во Турција повеќе од 10 дена не мирува и во земјата постојано се регистрираат нови земјотреси по оној разорниот на 6 февруари, од кој беше погодена и Сирија.

Поврзани новости