Тито се повлекува: Треба да се знае кога е доста!

Се уште актуелниот лидер на НСДП во изјава за Фокус потврдува дека Мисовски и Трајковски имаат амбиции да го наследат на чело на партијата.

by Фокус

По неколку последователни манди на чело на НСДП од 2005 година, Тито Петковски се повлекува од лидерската позиција во партијата.

Како што вели тој во изјава за Фокус, одлучил да не се кандидира на претстојниот редовен изборен конгрес на владејачката партија.

Треба да се знае кога е доста. Доаѓаат млади луѓе. Многу од нив со кои ја формиравме партијата сега се значајни луѓе во политиката, бизнисот, и ќе може да дадат значаен придонес во нејзиниот развој. Доаѓа ново време и нови предизвици – вели Петковски.

Тој посочува дека отворена е постапката за кандидирање за партиски лидер, додека, како што објаснува, кандидатите мора да исполнуваат одредени услови и критериуми.

Се уште актуелниот лидер на новите социјалдеморкати потврдува дека долгогодишниот пратеник Горан Мисовски и директорот на ПУИК Кристијан Трајковски имаат амбиции да бидат негови наследници.

В.С.

Поврзани новости