Никакви средби, и спроведување на туѓи агенди нема да го спасат од катастрофален пораз Димитар Ковачевски и СДС на следните предвремени парламентарни избори, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по средбата на лидерите на албанските партии од Македонија со албанскиот премиер, Еди Рама во Тирана.
-Целосниот молк од страна на СДС за средбата во Тирана, е само уште еден доказ дека оваа средба е по барање на Ковачевски за спас на неговата кариера.
Оваа средба е токму на барање на Димитар Ковачевски за да добијат помош за продолжување на мандатот, а за возврат да се реализираат други агенди на штета на Македонија.
Евидентна е паниката и стравот на СДС и ДУИ за опстојувањето на нивната влада, бидејќи вртоглаво ја губат довербата од граѓаните, па затоа им беше потребна оваа средба
СДС и Ковачевски треба да одговорат дали од средбата во Тирана на маса ќе добијат повторно штетни договори, кои за спас на своите кариери безпоговорно ќе ги прифатат?, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.