Тип-топ: Боркица во „Секси гладијаторки“!

by fokus

Боркица, сопругата на лидерот на ВМРО Никола Груевски, вчера се појави на отворањето на комплексот ,,Македонско село,, во црвени сандали, познати како ,,Секси гладијаторки,,.

Пристојно облечена во црн комбинезон, таа ги избрала црвените сандали на висока потпетица како ударен детал во својата модна комбинација. Бидејќи дванаест години помладата сопруга на Груевски е позната по тоа што не сака да се експонира и да дава изјави, не успеавме да дознаеме дали се работи за дизајнерски обувки, или пак за сандали купени по пристапна цена.

New-Nubuck-Thin-heel-Ladies-Red-Summer-Sandal-Fashion-Sexy-Gladiator-high-heels-women-sandals-summerИнаку, секси гладијаторките се доста актуелни оваа сезона и може да се купат преку интернет страницата Алиекспрес по цена од околу 50 евра, што може да се провери на следниов ЛИНК.

Ако може да им се врува на гласините дека на Боркица омилен дизајнер и е Луј Витон, тогаш гладијаторките секако дека имаат доста ,,посолена,, цена, земајќи го во предвид фактот што цените и на едноставни балетанки од истата фирма се движат од 500 евра, па нагоре.

Покрај Боркица и Никола, на отворањето на комплексот присуствуваа и министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и министерот за надворешни работи Никола Поповски.

боркица1

Со решение на владата, ,,Тинекс,, и хотел ,,Квинс,, ќе стопанисуваат со комплексот ,,Македонско село,, во наредните 20 години. Се наоѓа во село Нерези, во близина на манастирот ,,Свети Пантелејмон,, и се протега на површина од 12.000 метри квадратни. Изграден е во стилот на традиционалната македонска архитектура, и има капацитет за сместување на околу 100 гости. Се очекува со своите интересни содржини да привлече голем број на странски и домашни туристи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости