Мехди Али е еден од мигрантите сместени во хотелот во Мелбурн, кој стана светски познат откако во него заврши Новак Ѓоковиќ како „миграциски проблем“ откако не му беше дозволено да влезе во Австралија за настапот на првиот годинешен гренслем турнир Австралија Опен.
Ѓоковиќ, иако не вакциниран, но со две дозволи да игра на турнирот како „лекарски исклучок“ после десетчасовна сага на аеродромот кога не му беше дозволен влез, заврши во „имиграциски притвор“ до пресуда на жалбата да му биде укината визата и да биде депортиран поради неисполнување на услови за влез.
-Ова е жално и тажно, во овој кафез сум девет години, животот ми помина тука, а денеска наполнив 24 години, а вие ме прашувате како е Новак Ѓоковиќ. Ми се јавувате божем ќе правите приказна за мене, а второто прашање е – како е Ноле?, пишува Али.
Тој е мигрант од Иран, кој тргнал да бара подобар живот како прогонет припадник на арапското малцинство Ахвази, а од Џакарта на 15 години стигнал во Австралија, а после сага околу неговиот притвор, минувајќи најразлични „мигрантски кампови“, сега е жител во хотелот во кој го сместија и Ѓоковиќ.
-Полека стареам. Тажен сум затоа што моите тенејџерски денови минаа на ваков начин. Не сака одовде да заминам како средовечен, со изгубени години. Гледам како млади луѓе се забавуваат, постираат разни работи на социјалните мрежи, а јас сум далеку од сето тоа. Овде сум и натаму, секој ден. Посебно ми е тешко на родендените. Тогаш размислувам за изгубеното време. Не се слулува ништо ново во вреска со мојот статус, нема информации, нема рокови, гаранции. Многумина беа пуштени, само мене и натаму ме држат овде. Зошто?, додава Менди.
Пред хотелот откако српската тениска суперѕвезда заврши во изолација не запираат протестите на српската емиграција во Австралија, додека властите упорно се обидуваат да ѝ објаснат на јавноста дека Австралија не го третира Ѓоковиќ ни како мигрант, ни како криминалец, ниту како заложник и дека Србинот ако сака уште денеска може да си оди.
За понеделник е закажана одлуката на жалбата на Ѓоковиќ за да не му биде дозволен влез во Австралија.