0
18-годишната девојка од Скопје, чиј татко вчера пријави во полиција дека таа е исчезната, вечерта сама се пријавила во полициска станица, соопшти МВР.
На 23.02.2025 во 21:40 часот, А.Р.(18) од Скопје се пријавила во Полициската станица Бит Пазар.
Таа отишла во полициска станица откако на 22.02.2025 нејзиниот татко Б.Р.(41) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот.
„На 23.02.2025 во 21.40 часот, А.Р.(18) од Скопје се пријавила во Полициската станица Бит Пазар, откако на 22.02.2025 нејзиниот татко Б.Р.(41) од Скопје пријави дека се оддалечила од домот“, пишува во полициското соопштение.