Тинејџерка се обидела да најми платен убиец за да ликвидира 7-годишно дете

by Fokus

17-годишна тинејџерка од Ајова е уапсена и обвинета за наводен обид да ангажира платен убиец за да убие седумгодишно дете, соопштија локалните власти, пренесува NBC News.

Таа беше обвинета откако наводно ги дала личните информации на детето, вклучително и името, адресата и местото каде се наоѓа, на веб-страницата Rent-a-Hitman.

Полицијата на Сторм Лејк Сити на 2 јуни добила пријава околу полноќ дека некој двапати го посетил местото за да нареди убиство на седумгодишно дете, објави „Мирор“.

Администраторот на страницата ја препратил информацијата до полициската управа. Полицијата цела ноќ работеше на идентификување на осомничениот и целта. Следниот ден, полицаецот тајно стапил во контакт со осомничениот преправајќи се дека е професионален убиец, потврдувајќи дека тинејџерот сакал да го убие седумгодишното дете.

Околу 15 часот и 30 минути тој ден, полицијата ја уапсила тинејџерката и зела податоци од нејзиниот мобилен телефон, поради што властите веруваат дека постои сериозна закана за детето.

Тинејџерката која беше пронајдена на адреса во Сторм Лејк, доби кривична пријава и предадена е на судот за малолетници и е во притвор.

Детето и неговото семејство не биле повредени и не биле свесни за потенцијалната закана, додаваат властите.

Поврзани новости