Тинејџерка од струмичко се породила дома, од бебето нема ни трага

by fokus

19-годишна тинејџерка од Струмица се породила во својот дом, но нема ни трага од бебето, поради што полицијата го истражува случајот. Нејзиниот идентитет не е откриен.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека во неделата  околу 23:30 часот во СВР Струмица, лекар од Гинеколошкото одделение при ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица пријавил дека кај нив била хоспитализирана 19-годишна девојка од струмичко и дека по извршениот преглед, било констатирано дека претходно се породила.

Полициски службеници извршиле разговор со неа, а при преглед на домот, на повеќе места, биле пронајдени докази кои укажуваат дека имало породување. Полициски службеници извршиле разговор и со родителите на девојката.

На прегледот присуствувале Јавен обвинител и лекар. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани новости