Тинејџери од Тетово пакувале дрога во работилница

by irena 13:47
13:47

Полициските “тигри” ја воделе акцијата во Тетово а службените кучиња детектирале дрога во импровизирана работилница за пакување каде на лице место биле фатени двајца тинејџери од по 16 години и еден помлад малолетник.

-На 21.08/22.08.2026 година во периодот од 22:30 до 01:30 часот, полициски службеници од СВР Тетово во координација со САЕ „Тигар“ и Единицата за службени кучиња, врз основа на судска наредба, извршија претрес во куќа и барака-работилница во Тетово, користени од П.М. (36). Во работилницата се затекнати три лица – Л.С.(19) и двајца 16 – годишни малолетници, при што кај Л.С. и едниот малолетник се пронајдени бела прашкаста материја, марихуана и две дигитални ваги.

Дополнително, во објектот беа пронајдени кутии со бела прашкаста материја и парични средства во различни валути и апоени, по што лицата се лишени од слобода. По целосно документирање на случаите, во координација со јавен обвинител ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопштија од СВР Тетово.

Повеќе лица се лишени од слобода во неколку одделни полициски акции во Тетово и Гостивар, при што биле пронајдени оружје, муниција, дрога, дигитални ваги и парични средства, соопшти МВР.

Во првиот случај, на 21 август, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Б. (41) од тетовското село Лешок.

При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени карабин калибар 7 милиметри со оптички нишан, пиштол „ЦЗ“ калибар 9 милиметри со празни рамки, воздушна пушка 5,4 милиметри со оптички нишан, како и куршуми од различен калибар.

Истиот ден, околу 20:21 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишиле од слобода А.М. (39), Д.М. (26), Б.С. (37), Р.Р. (66), Б.А. (37) и Р.В. (72), сите од Гостивар, како и Н.Л. (65) од Скопје.

Полицијата постапувала по претходна пријава дека во гостиварското село Куново е нарушен јавниот ред и мир со истрели од огнено оружје.

На местото биле пронајдени чаури, а при претреси во неколку викенд-куќи во Куново биле пронајдени и одземени повеќе парчиња огнено оружје, меѓу кои ловечки карабини, ловечки пушки и пиштол, како и поголема количина муниција.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи, во координација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Слични вести