Тинејџер загина откако го удри гром во близина на врвот на највисоката планина во Германија. 18-годишниот Германец вчера попладне се искачувал на Цугшпице со уште двајца мажи кога се случила трагедија.
Тие пристигнаа со планинска железница, а потоа се искачија околу 80 метри за да стигнат до врвот. 18-годишникот бил погоден од гром додека се спуштал од највисокиот врв. Полицијата соопшти дека невремето го отежнало обидот за спасување.
Осумчлено семејство загина на северот на Германија
Цугшпице е 2962 метри надморска височина. Се наоѓа на границата на Германија и Австрија. Инаку, невреме вчера зафати неколку делови на Германија, пишува Sky News.
Осумчлено семејство е повредено од гром откако се засолнило под дрво во парк во Делменхорст, на северот на земјата. Петгодишно момче и 14-годишно девојче се пренесени во болница со повреди опасни по живот.