Германски тинејџер (16) со нож повредил осумгодишен ученик од трето одделение во Бишофсверд. По нападот, 16-годишникот се самозапалил.
Алармот го активирал наставник околу 9:40 часот. Според информациите на БИЛД, млад човек вооружен со нож трчал по зградата на основното училиште во Кирхштрасе и тешко повредил едно дете (8). Основните и средните училишта се наоѓаат едно до друго во Кирхштрасе.
Полициски единици упаднаа во основното училиште и ја опколија областа. Учениците се донесени на безбедно, а училниците се обезбедени.
Момчето (8) е повредено и пренесено на клиника. Според информации на БИЛД, ученикот од трето одделение бил тешко повреден, но неговиот живот не e во опасност. Неговата состојба е стабилна.
Други повредени ученици нема. Според моменталната состојба, полицијата претпоставува дека сторителот дејствувал сам. Како што пренесуваат медиумите, момчето кое се самозапалило е префрлено во болница, но не се знае неговата состојба.
Засега нема информации за можен мотив.