245
Тинејџер на 14 години со секира го убил сопствениот брат во Австрија. Трагичниот настан се случил во Мирцхофен, во австриската провинција Штаерска.
Момчето признало дека го убило својот 36-годишен брат, објавија австриските медиуми.
Полицијата соопшти дека мажот бил убиен со секира. Неговото тело беше пронајдено вчера во куќа во Киндберг, во Штаерска.
Откако го убил својот брат, 14-годишникот го напуштил местото на злосторството, но набрзо бил уапсен во близина.
Полицијата извести дека тинејџерот во ранецот имал секира „Викинг“, изработена целата од метал. Младиот човек рекол дека го убил својот брат поради долгогодишна кавга, соопшти полицијата.
Двајцата браќа живееле со своите родители, пишуваат австриските медиуми.