Од МВР информираат дека вчера бил пријавен малолетник кој со нож се заканувал на соученици.
-На 29.11.2024 година во 12.40 часот во ПС Аеродром Н.П.(43) од Тетово пријавил дека претходниот ден (28.11.) околу 12.45 часот на подрачјето на општина Аеродром, неговата малолетна ќерка која што била во друштво со двајца другари била пресретната од 16 годишен малолетник нејзин соученик, кој замавнувајќи со остар предмет упатувал закани по живот кон неа и кон друг малолетник од истото училиште.
Воедно на 29.11.2024 година во СВР Скопје, Е.А.(48) од Скопје пријавил дека на 28.11. во 13.00 часот на подрачјето на општина Аеродром, 16 годишен малолетник го пресретнал неговиот син и замавнувал кон него со остар предмет, а потоа неговиот син физички го нападнал истиот. Според пријавителот претходно и преку социјална мрежа малолетникот упатувал закани по живот кон неговиот син, информираат од МВР.