472
Во СВР Скопје вчера е пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ бил донесен 15-годишник од скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош.
По извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.