Тинејџер од Унгарија подготвувал масакр, симулирал убиство против 50 ученици

by Fokus

Поради план за масакр, полицијата уапсила 17-годишник во Унгарија. Кај него биле пронајдени докази дека тој „виртуелно веќе го извршил убиството“, имајќи предвид дека во една виртуелна игра нацртал совршена скица од своето поранешно основно училиште, во која влегол со пиштол, а потоа ги застрелал сите што се движеле

Унгарски „Бликк“ пренесува момчето од градот Мишколц на неколку социјални мрежи го претставило својот план да пука во училиштето.

Тинејџерот пшланирал да купи пиштол кога ќе наполни 18 години. Сакал да оди и на стрелиште за да научи техники на гаѓање. Често посетувал веб-страници кои известуваа за неодамнешните пукотници во САД.

„За време на распитот на осомничениот, тој негирал дека сторил кривично дело подготовка за убиство. Рече дека не сакал да убие никого или да добие пиштол. Тој изјавил дека страда од многу сериозни психички проблеми“, изјави Золт Џог, портпарол на Окружното обвинителство.

Постои медицинска документација за психичката состојба на осомничениот, а во случајот биле вклучени и вештаци.

„Тинејџерот, кој завршил училиште пред две години, планирал масакрот да го изврши во поранешното основно училиште, бидејќи му било блиску и имал пристап до него. Тој планирал да упадне во училиштето и да употреби оружје против чуварите кои би можеле да дејствуваат против него. Планирал да влезе и во најмалку две училници, секоја со по 20 ученици. Планирал да го употреби оружјето против 50 ученици“, објаснил портпаролот на Обвинителството.

„Врз основа на неговите објави, идентификувани се самоубиствени намери, а тој самиот истакнал дека доколку успее да ја оствари намерата ќе го сврти оружјето против себе, со претпоставка дека нема да може да се самоубие. Од друга страна, планирал да пука во полицијата која ќе дојде на местото на настанот, со намера да ја спречи неговата акција“, додаде тој.

Според него, тој повеќе не го гледал значењето на својот живот, не сакал ни да живее повеќе од 19 години.

Поврзани новости