Тинејџер е во критична состојба по струен удар

by Фокус

Момчето кое доживеа струен удар е во критична состојба.

Во СВР Скопје вчера е пријавено дека во 14.55 часот на железничката пруга на територија на Кисела Вода, 17-годишник од селото Волково, скопско, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, по што цистерната се запалила.

Со возило на Итна помош повредениот е пренесен во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Како што информираат од Ургентниот центар, состојбата на момчето е критична.

Поврзани новости