Тинејџер (17) загина на Петроварадинската тврдина во Нови Сад

by Fokus

Во околината на Петроварадинската тврдина во Нови Сад утрово било пронајдено безживотно тело на 17-годишен тинејџер.

Имало обид за реанимација, но за жал не успеала. Според неофицијални информации, на телото нема повреди.

Телото е пренесено во Институтот за судска медицина за утврдување на точната причина за смртта.

Како што изјави за „Новости“ д-р Зоран Круљ, портпарол на Институтот за итна медицинска помош, нивната екипа како прв приоритет интервенирала на лице место, извршена била кардиопулмонална реанимација.

Како што неофицијално се дознава, извршена е токсиколошка анализа која покажала дека младиот маж бил позитивен на наркотици.

 

Поврзани новости