Седумнаесетгодишно момче е уапсено денеска за обид за убиство, откако три лица се повредени во инцидент што го предизвикал во училиште во градот Шефилд во британската област Јоркшир, пренесоа британските медиуми.
Полициските службеници утринава во 08:50 часот биле повикани на колеџот Бирли да интервенираат поради инцидент со употреба на остар предмет, а по пристигнувањето на местото било констатирано дека три лица се повредени, по што 17-годишниот тинејџер е уапсен за обид за убиство, пренесува Sky News.
Според информациите, лекарска помош е укажана на едно дете, а двајца возрасни се полесно повредени.
Според полицијата, уапсениот млад човек е во притвор, каде ќе остане до понатамошно известување, поради сомнение за убиство во обид.
Во објава на платформата X, колеџот Бирли рече дека е „заклучен како мерка на претпазливост по инцидент во училиштето“.