Тимотеј: И свештенците се оштетени, не може да останат со празни трпези

by Frosina Fakova

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, вели дека половина од приходите на црквите и на манастирите на МПЦ се од Велигден и дека тие сериозно се погодени од кризата, во изјава за „Независен“.

Сепак, тој најави дека за празникот ќе опстојат на одлуката да се почитуваат мерките за справување со епидемијата од корона вирусот и нема да организираат масовни литургии, туку само во најтесен круг.

Околу тоа дали и МПЦ бара финансиска поддршка од државата, како што најави денес, па и се закани ако не добие реисот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, отец Тимотеј вели дека за тоа сѐ уште не се разговарало ни во Светиот архиерејски синод, ни со Владата, но тоа не се исклучува.

„Ќе видиме дали има можности за тоа и какви се. И свештениците се оштетени, а Велигден е, празник над празниците, не можат тие да останат со празни трпези“, вели Тимотеј.

Запрашан врз која основа ќе бара помош кога МПЦ не плаќа даноци кон државата, Тимотеј одговори дека тоа не е точно, бидејќи МПЦ за сѐ што купува или гради плаќа данок, а за тоа не добива поврат како другите.

Поврзани новости