Тимот од Вашингтон си заминал, остануваат посветени во идентификувањето на „корумпираните“

by fokus

Тимот за санкции од Вашингтон кој беше во Македонија со цел поагресивно да истражува корупција кај поранешни, но и актуелни функционери си заминал од земјава, откриваат за „Фокус“ од Амбасадата на САД во Макединија.

Сепак во одговорот нема објаснување дали тимот веќе ја скенирал состојбата во земјава и дали пак ќе дојде, но од таму порачуваат дека се посветени да ги повикаат на одговорност оние кои се вклучени во висока корупација и дека ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво.

-Стејт департментот разгледува низа достапни органи/власти, во координација со меѓуагенциските колеги, да преземат соодветни активности за да одговорат на корупцијата.

 

Именувањето од страна на овие власти им дозволува на Соединетите Држави да промовираат одговорност за сегашните и поранешните владини функционери кои се впуштаат во корупција или вршат кршење и злоупотреби на човековите права и да ги поддржат напорите за попречување или одвраќање на идните злоупотреби, велат од Амбасадата на САД за „Фокус“.

Кога државниот секретар ќе добие веродостојни информации дека актуелен или поранешен функционер на странска влада бил вмешан, директно или индиректно, во значителна корупција или грубо кршење на човековите права, како што објаснуваат од Амбасадата, од секретарот се бара да го идентификува тој службеник и членовите на неговото потесно семејството според Член 7031(ц), или јавно или приватно.

-Стејт департментот ќе продолжи да ги користи овие овластувања и сите достапни алатки за борба против корупцијата на глобално ниво. Во зависност од конкретните околности, некои идентификувања се прават јавно, додека други се прават приватно, се додава за изјавата на Амбасадата за „Фокус“.

Американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер на 6 декември на Твитер објави дека американски тим пристигнал во Скопје за да истражува корупција.

-Тимот за санкции од Вашингтон е тука за поагресивен поглед на минатите и сегашните корумпирани актери и да ги разгледа сите можни одговори. На правосудниот сектор во Северна Македонија му требаат повеќе истраги и гонење за да се покаже дека никој не е над законот, објави Агелер.

Фросина Факова-Серафиновиќ

Поврзани новости