Тимот на ПроКредит Банка засади 4.700 садници бел бор

by fokus

Како дел од низата активности на банката за справување и намалување на ефектите на климатските промени, тимот на ПроKредит во координација и соработка со ЈП Национални Шуми изминатиот петок реализираше еко-инцијатива за пошумување на површина од 2 хектари во близина на Крива Паланка, каде беа засадени 4.700 садници бел бор.

„Грижата за околината е приоритет и е дел од стратешките определби на Банката. Пошумувањето во кривопаланечко е продолжување на иницијативата која ја започнавме во 2020, со пошумувањето на Пониква, а е дел од проектите и иницијативите вклучени во платформата Се Грижам, Делувам, Менувам. Нашите заложби за зачувување на животната средина подразбираат иницијативи во различни сегменти, почнувајќи од зголемување на нашата енергетската ефикасност како банка, селектирање отпадот кој го креираме, користењето на обновливи извори на енергија, возење на електрични возила, подигнување на еколошката свесноста преку организирање на едукативни работилници, разни еко донации, па се до финансирање на клиентите за реализација на зелени инвестиции” ”, изјави Методија Миноски, Директор на оддел за управување со животна средина во ПроКредит Банка.

ПроКредит е прогресивна компанија која поставува високи стандарди во бизнис заедницата за спроведување општествено одговорни практики, како дел од стратегијата за одржлив развој и намалување на негативното влијание кон животната средина. Дознајте повеќе за одговорните практики на банката на следниот линк: ProCredit Bank – Еко (pcb.mk)

ПР текст

Поврзани новости