Тимоние: Во Франција имаме избори на 28 јуни, но пандемијата одлучува дали ќе се одржат

by Фокус

Демократските општества имаат потреба од функционални институции, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во интервју за Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето дали изборите се неопходни за функционирање на правната држава или се само политички тактизирања.

-Европските дипломати имаат потреба од соговорник. Потребен им е легитимен соговорник, но и функционална администрација која тесно ќе соработува со легитимна политичка власт, и на европските дипломати во овие околности особено им се неопходни одлуки. Но, тоа значи дека од една страна постојат ограничувањата кои ни се познати, а се поврзани со епидемијата и таа одлучува всушност. Така е и кај нас во Франција. Ние имаме предвидени избори на 28 јуни, но имаме одредена одредба да ја проучиме состојбата две недели претходно и доколку здравствените услови го дозволат тоа, да продолжиме со изборите – вели Тимоние.

Во однос на прашањето дали изјавата на Бугарија за македонскиот јазик претставува еден вид ново вето за нашиот евроатлантски пат, Тимоние го посочува Договорот за пријателство од 2017 година кој, подвлекува амбасадорот, треба да служи како основа за добрите односи меѓу двете земји.

-Ако една работа не сакаме, тоа е увезувањето на сите овие прашања внатре во европскиот простор. Ние посакуваме Европа да постои како цивилизациски модел, како модел на право, а не како место во кое ќе се водат бесконечни преговори за проблеми кои се поврзани со внатрешната политика, а не со европските проблеми –  потенцира тој.

Околу преговарачка рамка за земјава која треба да биде готова следната недела, Тимоние потенцира дека станува збор за одлична вест, зашто, како што вели, задржан еден од најголемите предизвици со кои требаше да се соочи и да ги надмине ЕУ во поглед на геостратешкиот приоритет кон Западен Балкан.

Поврзани новости