Мислам дека не сум единствениот што не успеал да го разбере законот за јазици, бидејќи се работи за многу комплициран текст, барем во однос на неговата содржина, но и на последиците. Од друга страна, да бидам целосно искрен, постои простор за подобрување во самиот текст и тоа е возможно затоа што станува збор за разговори, ова е процес којшто сè уште не е завршен и не би сакал да се изјаснувам, вели францускиот амбасадор Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
– Не треба тоа да стане причина за меѓуетнички раздор и мислам дека по реакциите од албанската заедница и другите заедници забележувам дека и покрај критиките, волјата да се живее заедно и да се напредува кон ЕУ се многу понапред од овој закон којшто е многу сложен и најверојатно има важно симболично значење за албанската етничка заедница и ќе треба да се земе предвид – истакна Тимоние.