Тимоние: Франција нема конечен став за Македонија, но потребни се реформи

by lali

Франција е на ваша страна на тој пат. Не знаме колку ќе трае тој пат и патот воопшто не е едноставен, но сме определени да помогнеме, само треба да утврдиме кој е билансот од реформските агенди. Но францускиот став сè уште не е донесен за таа тема, вели амбасадорот на Франција Кристијан Тимоние во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

На прашањето дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние вели дека не треба да се вади од контест она што го кажа Макрон.

-Разбирам дека сето ова предизвикува силни емоции, затоа што знаеме дека погледите на овие народи се свртени кон Европа и европската интеграција. Но треба да се види контекстот, во кој што говореше претседателот. Тоа беше тежок момент, за среќа успеавме да го надминеме за назначувањето на новите лица на Европската унија.

Тоа беше повод за да видиме дека нашиот систем на функционирање е доста сложен и комплициран и дека од оваа Европа очекуваме толку многу работи меѓу кои и одлучувачки систем. Идејата беше, која често тој ја кажува, дека европското проширување ќе може да се случи откако одлучувачкиот систем ќе биде таков, што ќе биде обновен затоа што во моментов не е задоволителен. Мислам дека треба многу подобро да се разбере таа забелешка така, како забелешка за одлучувачкиот процес во моментов, отколку како отпор, кој што тој го нема, затоа што отсекогаш кажувал дека местото на земјите од Балканот е внатре, во обновена Европска унија

Станува збор за нетрпелив човек, нетрпелив во однос на функционирањето на Европа, затоа што Европа му е при срце. Но има идеја, да ја направи Европа вистински функционална, и способна да одговори на новите светски предизвици кои што се побројни и посложени. Верувам дека добронамерно го кажал тоа, дека тоа било добронамерно за европската изградба. Од другата страна, сите знаат дека кога ќе почнеме со проширувањето дека има долг пат за самите засегнати земји. И двете нешта не се исклучуваат едната од другата- рече Тимоние.

Целото интервју може да го проитате ТУКА.

Поврзани новости