Тимоние: Доцна е да се пишува нов Закон за ЈО и тој што е на маса е добра основа

by fokus

Франција посакува новиот закон за Јавно обвинителство да биде донесен со широко мнозинство, а личните прашања или краткорочни политики да бидат надминати во име на националниот интерес, изјави вчера за „Слободен печат“, францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние. Тој смета дека сега е доцна да се пишува нов текст на законот и дека тој што е на маса е добра основа за разговори во парламентот.

– Законот за Јавното обвинителство е нешто што силно го очекуваат меѓународната заедница, ЕУ и Франција. Потребна е солидна основа за трансферот на предметите од Специјалното јавно обвинителство во постојниот судски систем, дури и ако предметите се веќе пренесени. Втората работа, можеби и најважна, е да се обезбеди рамка за борбата против корупцијата, која е една од најголемите грижи на граѓаните. Сето тоа иницира преговори меѓу трите најголеми политички партии што ни дадоа надеж дека ќе може да се најде решение врз база на националниот интерес – вели Тимоние.

Поврзани новости