Националниот центар на Ромите (НРЦ), по повод одбележувањето на Денот на Ромите, му додели плакета за благодарност за досегашната соработка на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
– За мене е мошне значајно што ја добивам оваа плакета на 8 април, односно на Денот на Ромите. Тоа исто така претставува признание за нашата Амбасада, која постојано соработува со ромската заедница. Исто така, ја поддржуваме активноста на македонските власти коишто во континуитет ја поддржуваат интеграцијата на ромската заедница, истакна Тимоние.
Неодамна, како што рече, разбрал оти во Уставот на Република Северна Македонија е додадена ромската заедница. Тоа, посочи, дава одговорност што треба да се оправда.
– Треба да продолжиме со поддршката и помошта за ромската заедица, со цел да придонесеме кон нејзина што поголема интеграција и еманципација, нагласи францускиот амбасадор.
Истакна дека Ромите треба уште многу да направат, посочувајќи дека треба да се промени и претставата за нив.
– Мојата порака е: гласајте со своето срце, гласајте како граѓани на Република Северна Македонија, гласајте како еднакви со сите, апелираше Тимоние до Ромите, во однос на претстојните претседателски избори.
Извршниот директор на НРЦ, Ашмет Елезовски нагласи дека за него претставува огромна чест приемот во Резиденцијата на францускиот амбасадор, заблагодарувајќи се за досегашната помош и поддршка од француската Ам