Тимоние: Да не мислиме дека на Северна Македонија треба да и се даде како подарок датумот за преговори, затоа што долго чекаше пред портите на ЕУ

by Fokus

Во интервју за порталот „Порталб“, амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, зборува за очекувањата на неговата земја од Македонија пред решавачкиот момент за евроинтеграциите, односно очекувањата во средината на месецов земјава да добие датум за старт на преговорите.

„Ние ја сметаме Европската Унија за сериозна конструкција на европски вредности и претседателот Макрон се залага, со неговата визија, за продлабочување на оваа европска градба. Ние сме подготвени да се соочиме со прашањето за продлабочување и проширување на истата. Земјите од Западен Балкан се социолошки и историски специфични, па затоа и во однос на проширувањето, ние мора да гледаме преку соодветни модалитети, кои се специфични за овој регион.

Списокот на реформите сè уште останува неисполнет, реформите што требаше да се завршат не се завршени. На пример, законот за тајната служба кој требаше да се донесе со двотретинско мнозинство во Собранието сè уште не е донесен.

Затоа, не треба да бидеме заложници на логиката дека на Северна Македонија треба да ѝ се даде датумот како подарок, само затоа што чекаше долго пред вратите на ЕУ“, смета Тимоние.

Поврзани новости