Timberland – Sensorflex модели ‘3 во 1’ ЕСЕН/ЗИМА 2017: Оваа сезона прилагодливоста добива двојна функција

by Fokus 16:11
16:11

Timberland со задоволство Ви ги претставува новите Sensorflex модели за есен/зима ’17. Повеќе флексибилност, лежерност и кул изглед во еден пар обувки. Легендарниот дух на брендот кој се поврзува со авантуристички патувања, сега го пренесува истиот во урбаната средина.

SensorflexÔ технологијата овозможува флексибилност во секојдневното движење, секојпат и секаде, благодарение на трислојниот дизајн кој секогаш дава активна поткрепа и динамично преклопување. Стапалата константно добиваат потпора на било која површина, без разлика на условите.

Три слоеви, едно незаборавно искуство. Секој слој е засебен и подеднакво важен, овозможувајќи потпора, комфор и флексибилност. Горниот слој им дава на младите „урбани воини“ бесконечна стабилност, која ја бараат оние кои никогаш не престануваат да ги предизвикуваат градските ограничувања. Помек EVA среден слој кој не се оштетува без разлика на теренот на урбаната џунгла, додека пак долниот слој – ѓонот е специјално дизајниран да се превиткува со секој направен чекор. Удобност во текот на целиот ден со стилски модели кои ќе се соочат со предизвиците на урбаната средина

- Advertising -

Градот е флуиден – течност која постојано се менува, па затоа секој кој живее во него има потреба од високи перформанси и револуционерни решенија.

Градот се движи, прифатете ја промената со Timberland!

Поврзани новости