Фудблскиот клуб Тиквеш од Кавадарци го задржува прволигашкиот статус по вчерашната убедлива победа над Воска Спорт, кога триумфираше со резултат од 4-1 на стадионот Младост во Струмица.
Фудбалерите на Тиквеш беа дочекани во Кавадарци синоќа со пораките дека го направија градот горд, поради тоа што се изборија да останат во првата лига.
Второлигашот Воска пак, е познат како клуб кој е финансиран од охридскиот бизнисмен Нефи Усеини. Минатата година за ,,Спортмедиа” тој изјави дека Воска Спорт е проект за долги патеки.
-За две години од општински од општинска стигнавме до Втора лига, и верувајте дека нема да застанеме тука! Очекувањата ни се да бидеме во горниот дел од табелата. Имам целосна доверба во тренерот Цицмиловиќ и во играчите – раскажуваше бизнисменот лани.
По поразот од Тиквеш вчера, тренерот на Воска, Раде Цицмиловиќ си поднел оставка до управата и до Усеини.
В.К.