Тијана: Тамара ќе снима дует со Швеѓанецот

by fokus

Тијана Дапчевиќ откри ексклузивна информација во интервју на српската телевизија „Пинк“ и рече дека нејзината сестра и овогодишна претставничка на Македонија на Евровизија, Тамара Тодевска ќе снима дует со Швеѓанецот. На Евровизија Шведска беше претставувана од Џон Лундвик, кој се бореше со Тамара за првото место во бодувањето на гласовите од жирито, а на крај го освои шестото место.

-Тој и пришол и и рекол „Чекај бре, зар е можно да не си црнкиња? Кој може уште така да пее – раскажа Тијана според која Тамара се спријателила и со Италјанецот, кој ја имаше најпопуларната песна на овогодишното издание на манифестацијата.

Меѓу другото, Тијана во емисијата на ТВ „Пинк“ истакна и дека е разочарана поради тоа што македонското стручно жири не и даде ниту поен на српската претставничка.

-Јас сум разочарана. Тоа не е Македонија, тоа се седум луѓе кои одлучиле така, што е тотално погрешно. Македонија гласаше за Невена, бидејќи реално немаше за кого – рече Тијана.

Иако од жирито немаше ни поен за Србија, сепак македонските гласачи и дадоа десет поени на српската претставничка.

Поврзани новости