672
Актерката и пејачка Тијана Дапчевиќ во телефонски разговор за Утрински брифинг говореше за серијата Преспав, која е вистински хит кај македонската јавност.
„Последниот период се почести сум во Скопје, поради потребите за снимање на серијата „Преспав“. Тоа се се заврши за жал, затоа што нема да снимаме некаде до октомври. Таква информација имаме, дека ќе се снима следна сезона. Ние знаеме дека ќе се снимаат уште 15 сезони“, низ смеа вели Дапчевиќ.
Серијата „Преспав“ стигна до својата јубилејна 100-та сезона, а реакциите кај јавноста се повеќе од позитивни.