Тихановскаја нема да се судри со Лукашенко на нови избори во Белорусија

by Фокус

Поранешната белоруска претседателска кандидатка, Светлана Тихановскаја, која после изборите побегна во Литванија поради страв за својата безбедност, не планира повторно да се кандидира доколку се организираат нови избори.

-Јас немам такви планови – рече Тихановскаја во интервју за телевизијата „Белсат“, која се приклучи во претседателската трка откако Централната изборна комисија ја одби кандидатурата на нејзиниот сопруг, блогерот Сергеј Тихановски, кој беше уапсен на изборен митинг кон крајот на мај.

Александар Лукашенко победи на неодамнешните претседателски избори во Белорусија, освојувајќи 80 проценти од гласовите, додека Тихановскаја освои 10 проценти од гласовите, но ппозицијата не ги призна резултатите од изборите и организира секојдневни протести.

Поврзани новости