Tigo.mk го заокружи октомври – Месецот на свесност за ракот на дојка со хуман гест кон згрижувачките поддржани од СОС Детското село

by irena 19:11
19:11

Во знак на заокружување на Месецот на свесност за ракот на дојка, Tigo.mk го заврши октомври со искрен и хуман гест – донација на бесплатни медицински прегледи за 15 згрижувачки поддржани од СОС Детското село. Овие посветени жени секојдневно ја вложуваат својата љубов, грижа и сила за децата кои немаат родителска грижа, создавајќи им топол дом и чувство на припадност. Со оваа иницијатива, Tigo.mk сакаше да им возврати — со грижа за оние што секојдневно се грижат за другите.

Во Tigo веруваме дека грижата и човечноста одат рака под рака – и во животот, и во бизнисот,“ изјави Сања Ристеска, директор за Човечки ресурси и Администрација во Tigo.mk. Во месецот посветен на здравјето на жените, горди сме што можевме да ги поддржиме секојдневните хероини – згрижувачките поддржани од СОС Детското село и да потсетиме дека раната детекција може да спаси животи.“ Прегледите беа извршени во соработка со клиниката „Жан Митрев“, а секоја од жените доби ултразвучен преглед на дојка и едукација за превентивна грижа и самопреглед.

Пораката беше јасна — здравјето е темелот на секоја сила. Оваа донација е дел од пошироката стратегија за општествена одговорност на Tigo.mk, во духот на корпоративната филозофија „За сè што е важно.“ Преку вистински важни активности, Tigo.mk продолжува да гради доверба, солидарност и позитивно влијание во заедницата.

 

Слични вести