Тие што организираа протест за чист воздух, сега се во Влада, порача Георгиевска од О2 иницијативата

by fokus

Невена Георгиевска од О2 иницијативата упати критики кон Владата поради неисполнување на ветените мерки за решавање на проблемот со воздухот.

,,На 28 декември изминуваат 4 години од протестот за чист воздух. Дел од тие луѓе се овде повторно, дел од нив се во Владата. Сега само се сликаа пред цистерната во Охис, а ништо не презедоа да се реши проблемот. Сакаме да има постојана контрола, да се донесат закони кои со години чекаат подготвени. Јадеме храна која не знаеме колку е затруена. ” истакна Георгиевска.

Јорданчо Цветаноски

 

Поврзани новости