Тие што денес ја забрануваат руската култура маршираат во стројот на Сталин и неговиот следбеник Путин. Од безумие или од неписменост, сеедно , пишува професорот на Факултетот за драмски уметности и граѓански активист, Илија Милчин во краток коментар на својот Фејсбук профил под наслов, „Новото варварство“.
-Ќе ги забранат оние кои поради слободоумност биле прогонети во Сибир на каторга, во гулазите, во затворите Љубјанка и Бутирка, жртвите на НКВД и КГБ?! Од Достоевски до Булгаков и Солженицин, од Пастернак до Мандељштам, Цветаева и Бродски, од Мејерхолд до Козинцев и Параџанов, од Чехов до Ердман.. Долг е списокот на руските и советските писатели, композитори, режисери, сликари кои не потклекнале пред самодржците. Без нивните дела ќе капитулираме пред безумието и варварството на 21 век!, напиша Милчин.
Од почетокот на руската инвазија во Украина во неколку земји беа откажани повеќе уметнички настани од руски уметници.