Синоќа пред влезот во Градскиот парк, во организација на Општина Струмица, се одржа свечен пречек на струмичанката Славица Ангелова, победничката во балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ и на нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид.
Голем број на струмичани присуствуваа на настанот, кој помина со песна и емотивни обраќања.
Покрај Славица и Ѓорѓе, кои им се обратија на присутните, во името на Општина Струмица зборуваше и градоначалникот Костадин Костадинов.
– Ти благодариме што те има, што постоиш, ти благодариме што ја претстави Струмица и Македонија во најдоброто можно светло. Ти благодариме што ни даруваше задоволство, среќа и гордост. Сите ние ти посакуваме уште многу успеси во животот и кариерата – истакна Костадинов.
Младата пејачка која го освои првото место на натпреварот, како награда доби автомобил и снимање на песна и видео запис.
Вики Клинчарова